ПочетнаЗа нас

Од Битола, за цела Македонија.

ПРО ЕНЕРГО е основана во 2016 година во Битола. Од мали приклучоци до трафостаници и индустриски погони, работата ја води истиот тим.

Проектираме, изведуваме и вршиме надзор над електрични, индустриски и електроенергетски инсталации. Градиме трафостаници, водови и постројки и ги мериме постојните инсталации и заземјувања на секаков тип објекти.

Секој проект го води инженер со лиценца. Монтерите се наши, механизацијата е наша, па роковите зависат само од нас. Со многу клиенти соработката не завршува со предавањето на објектот, туку прераснува во долгорочно партнерство.

2016
Основање во Битола
За проектирање, изведба и надзор на електрични и енергетски инсталации.
2023
Лиценци А за проектирање и изведба
За градби од прва категорија, издадени од Министерството за транспорт.
2025
Лиценца А за надзор
Сега покриваме проект, изведба и надзор под еден покрив.
Денес
35 изведени проекти
За ЕВН Македонија, индустријата, општините и УНДП.
Визија

Да бидеме водечка компанија во регионот за енергетика и електроинженерство, позната по квалитет, сигурност и нови решенија.

Мисија

Да градиме сигурни, ефикасни и современи енергетски системи, со највисок квалитет на изведба.

2016
година на основање, во Битола
20
вработени: инженери, монтери и возачи на градежни машини
35
изведени проекти низ Македонија
3
лиценци А: за проектирање, изведба и надзор

Зошто ПРО ЕНЕРГО

Работиме на мали и големи проекти, во Битола и низ цела Македонија.

Квалитетна изведба

Работиме според важечките стандарди и прописи за безбедност и даваме гаранција за изведеното.

Почитуваме рокови

Имаме свои монтери и своја механизација, па не зависиме од подизведувачи.

Современа опрема

Постојано вложуваме во алат, мерни инструменти и возен парк.

Енергетска ефикасност

Инсталацијата ја димензионираме за помала потрошувачка и подолг век.

20 вработени и своја механизација.

Електроинженери и сертифицирани монтери со долгогодишно искуство, сопствен возен и машински парк, и редовни обуки и специјализации за целиот тим.

3електроинженери
10електромонтери
2возачи на градежни машини
2општи работници
1овластен сметководител
2административни работници

Во што сме најдобри

Знаење, искуство на терен и современа опрема. Постојано вложуваме во обуки за кадарот и ги следиме новините во енергетиката.

  • 01Проектирање електрични инсталации
  • 02Индустриски електроинсталации
  • 03Изградба на трафостаници и електроенергетски објекти
  • 04Автоматизација и управување со системи
  • 05Мерење, испитување и одржување
  • 06Примена на безбедносните стандарди

Лиценци

Лиценци А за проектирање, изведба и надзор, издадени од Министерството за транспорт.

А

Проектирањена градби од прва категорија

А

Изведбана градби од прва категорија

А

Надзорнад изградба на градби од прва категорија

Погледни ги лиценците

Имате објект што треба да се приклучи на струја?

Јави сеПобарај понуда